Хидратација на лицето во лето и улогата на мист тонерите

Кожата е составена од 70% вода, но и покрај тоа возможно е таа да дехидрира. Содржи природни навлажнувачки фактори кои имаат способност да хидрираат и да создадат бариера која штити од испарување на водата во кожата. Сепак, постојат бројни надворешни фактори што можат да предизвикаат пад на нивото на влажност во кожата.

Фактори кои се специфични за летниот период се:

  • промени во темперaтурата,
  • сувост на воздухот,
  • престој во климатизирни простории,
  • влага,
  • изложување на УВ радијација, како и
  • често и долго туширање.

Одржувањето на кожата добро хидрирана е есенцијално во лето кога влагата се губи и преку потење.

Солидна рутина за нега на кожата треба да е применлива за сите сезони и клими, но сепак постојат неколку модификации кои може да се применат кога правиме транзиција од зима во лето, како што се: полесни рутини, задолжително носење крема за сончање со минимум 30 СПФ и широк спектар на заштита, која може да биде со двојна намена односно да биде истовремено и хидратантна крема, лесна ексфолијација, користење некомедона шминка, како и додавање на мист тонери.

Мист тонерите се навистина потценет производ во опциите за нега на кожата бидејќи многумина ги сметаат за преценета миризлива вода, иако всушност се многу повеќе од тоа. Придобивките од мист тонерите се борба со дехидратација, ревитализација на уморна кожа, имаат предност дека одговараат на речиси секој тип на кожа, особено се корисни за оние кои имаат чувствителна или сува кожа, како и за луѓе кои патуваат често или живеат во суви климатски услови.

Идеално, сите хидрирачки спрејови за лице би требало да се користат два пати дневно. Сепак, може да се користат и повеќе пати ако летате со авион или чувствувате дека на кожата и треба екстра хидратација. За постигнување на ефект, подеднакво е важна соодветната апликација како и избор на соодветниот производ – погрешна употреба може да го намали нивото на влажност во кожата. Основното правило е да не се користи премногу често во текот на денот, а дополнително се советува ако имате сува кожа да нанесете серум или крема за хидратација на маслена база за да ја задржите влагата на кожата. Иако може да се користи и врз шминка, сепак најдобрите резултати се постигнуваат со директно нанесување на чиста кожа.

Pyunkang Yul Mist Toner е одлична опција ако сакате да воведете мист тонер во својата летна рутина, бидејќи со својата лесна текстура и брза апсорпција овозможува длабока хидратација во комбинација со смирување на иритирана кожа, како и брз разладувачки ефект. Соодветен е за сите типови на кожа, вклучително и сензитивната, бидејќи во составот има само 6 состојки, од кои најзначаен е екстрактот од коренот на Coptis japonica наместо прочистена вода, состојка која нуди смирување и хидратација на кожата.

Тоа што лично највеќе ми се допадна во врска со овој производ (воедно и мој прв мист тонер) е колку лесно се вклопи во сите утрински рутини! Инстантното разладувачко и освежувачко дејство наутро кога ни треба екстра будење е особено пријатно. Без да чекам да се впие целосно, додавам лесен серум и лесна хидратантна крема, практично подготвувајќи го лицето со лесна хидратција за задолжителниот чекор – СПФ кремата. Очекувам да биде пријатен разладувачки чекор пред реапликација на СПФ на плажа, улога која со нетрпение очекувам да му ја доделам.

24.06.2021

By @princess.of.pores