Право на откажување/враќање на производ

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате од нашите продавачи. Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ. Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, Fine Line има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 20 работни дена.

Замените се прават исклучиво онлајн. Праксата на замена на производите продолжува, истите се заменуваат единствено онлајн и не е можна физичка замена.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075-323-263, Понеделник – Петок 09-17ч или пак да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@fineline.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не 075 32 32 63, Понеделник – Петок 09-17ч или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на contact@fineline.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.